Премиера во Драмски на претстава за семејното насилство врз децата

Семејното насилство врз децата и последиците од него, се тема на претставата

„Човек перница“, чија премиера ќе се одржи во Драмскиот театар , на малата сцена, во сабота навечер.

По наградуваниот текст со престижните признанија „ Оливер“ и “Тони“, на ирскиот драмски писател Мартин Мекдона, претставата ја постави режисерот Јане Спасиќ. Тој жанровски „ Човек перница“ ја опишува како трагедија со примеси на комедија.

“Семејното насилство што го има во текстот, е еден инструмент и двигател на приказната и на наративот. Ама , како што е поставена претставата, тоа се замки  преку кои се оди и ја држат публиката заинтересирана за самата претставата. И едноставно нудат добро возење, добра забава преку која се следат и се отвораат тие приказни, биографиите на сите ликови и нивните болки”, вели режисерот Спасиќ.

“Не е ни толку лесно да ги најдеш примерите во животот, баш од луѓе како него. Затоа што тоа е навистина страшно и болно. Генерално, не би сакал некој да чепка” – додава актерот Филип Трајковиќ, за ликот на Михаил, што го толкува.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ