Премиера на филмот “Дедо и внук” во Охрид

Во преполнетиот дом на култура “Григор Прличев” во Охрид синоќа се одржа премиерата на првиот долгометражен филм “Дедо и внук” на охридскиот режисер Илија Пиперкоски. Главните улоги во филмот ги играат: Салаетин Билал, Даниела Ивановска и Дејан Лилиќ

Пиперкоски, кој е и сценарист на филмот, создал филмско дело кое е фокусирано на проблемите со здравството, политиката, корупцијата но и меѓучовечките односи  на релации: момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во своето обраќање до присутните тој подвлече дека уште од студентските денови сакал да сними комплетен филм во Охрид.

Пред бројната публика се обратија и продуцентот на филмот Огнен Антов, како и филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски.  

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ