Познати наградените автори на меѓународниот конкурс за поезија Антево слово

Mеѓународниот конкурс за поезија ,,Антево слово”, распишан по трет пат од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со здружението за развој на културата и заштитата на културно наследство „Контекст – Струмица“, ги прогласи годишниве добитници на истоимената награда. Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доајенот на македонската поезија Анте Поповски, еминентни претставници од  литературната дејност во Македонија, како и организаторот на меѓународниот фестивал „Анџело Ла Векија“, односно: академик Катица Ќулавкова, Геро Ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги наградат, а со тоа и  да ги застапат во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ следниве автори:

Драгана Евтимова (добитничка на Прва награда), за нејзината песна „Белег“, Сузана Мицева ( Втора награда) за песната „Тефтер“ , која ја дели со Давиде Роко Колокраи, за песната „Ќе бидам моето убаво сонување“ и трета награда за Игор Крајчев и песната „Победа“. Специјални наградени ќе бидат доделени на: Марина Икономова Шокева ( за песната„Стојам и гледам“), Дина Кампања, за песната „Свилени навои“ и Зоран Костески за „Ќе те сместам во стиховите“.

Од особена важност е големиот одзив кој го имавме на третиот објавен конкурс, на кој повеќе од 100 автори испратија свои стихови и се надеваме дека во иднина се повеќе поети ќе имаат можност да го промовираат своето творештво како и да им се отвори можност да бидат прочитани од интернационална публика. Официјалното доделување на наградите ќе се случи наскоро во спомен собата на Анте Поповски во Центарот за култура во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ