
(видео)Повеќе слух и подршка за домашните композитори бараат од СОКОМ
Трудот на домашните композитори не е доволно вреднуван и потребна е поголема подршка од државата, особено за оние автори кои успешно не претставуваат во странство, побараа од Сојузот на композитори на денешната прва организира, музичка средба. Од Министерството за култура возвраќаат дека со Годишната програма за 2020 година, ќе бидат вреднувани издржани проекти и успешни уметници со меѓународна кариера.
Иако последниве 5 до 10 години, македонската класична музика доживува голема афирмација на светските подиуми, трудот на нашите композитори не е доволно вреднуван. Потребен е слух и многу поголема подршка од државата, особено за нашите културни амбасадори во странство, рекоа на денешната прва музичка средба, организирана во СОКОМ.
- Би сакала да се има малку повеќе слух и многу поголема подршка. Затоа што тоа ќе биде обостран профит. И за уметниците и за другата страна, – Даница Стојанова-пијанистка, професор во МБУЦ „ Илија Николовски-Луј“.
И уметниците треба да бидат погласни и да се изборат за своите права, дополни професорката Стојанова. Од Министерството за култура, со одговор дека комисиите за музичко-сценска и за меѓународна дејност започнале да ги разгледуваат пристигнатите апликации за проекти од Годишната програма за 2020 и дека секој издржан проект и уметник со интернационална кариера и успеси, ќе бидат соодветно вреднувани.
На средбата во СОКОМ беше потенцирана потребата, медиумите да посветат поголемо внимание кон домашната класична музика. Се зборуваше и за творештвото на композиторите Томислав Зографски и Гоце Коларовски, на кои годинава им се одбележуваат 85 и 60 години од раѓањето, како и за влијанието на современиот танц во развојот на нашата културна сцена.
Сотир Трајков