Поставени директори во шест национални установи од културата

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, именуваше шестмина нови директори, со редовен мандат во националните установи од културата. Именувањата доаѓаат по завршувањето на постапката од конкурсот. Катарина Илиевска- Силјановска е именувана за директорка на Театарот за деца и младинци, Ход Мифтари е назначен за директор на Центарот за култура „ АСНОМ“, во Гостивар, Гордан Николов – на Музејот на Македонија, Мира Гаќина-на Музејот на Современа уметност, Миќо Стојчески- на Музејот на Тетовскиот крај во Тетово и Сашо Тодоровски е поставен за директор на Центарот за култура „ Трајко Прокопиев“ во Куманово.  Со националните установи каде сега се поставени директори, до сега раководеа вршители на должност, на функцијата директор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ