
Почна карневалската еуфорија во Струмица
Карневалџиите во полн ек работат на маските со кои ќе дефилираат низ струмичките улици на 9 март. Се шијат костимите, се вежба настапот. Во масовните маски мора да биде координирано и најмалото движење, за ја пренесат енергијата и идејата на публиката.
Организацијата на струмичкиот карневал годинава поддржала 16 карневалски групи со по дваесетина илјади денари за изработка на маските. Иако една маска во која има дваесетина учесници чини неколку илјади евра, организаторите велат дека целта е со симболична сума да се даде поддршка и мотивација. Покрај нив се очекуваат и околу 600 маскирани учесници од странство.
Карневалските денови во Струмица траат една недела. Почнуваат со фестивал на афоризам и карикатура и концерт под маски, завршуваат со тримерските чествувања.
Сузана Мицева