
Почина ѕвездата на екс ју кинематографијата Неда Арнериќ
На 67 години, почина актерката Неда Арнериќ, ѕвезда на екс југословенскиот и српскиот филм и театар. Како што пренесуваат белградските медиуми , телото на починатата Арнериќ го пронашол брат и во нејзиниот стан во Белград. На нејзината смрт и претходеше губење на свеста, на почетокот на минатата година, по што помина период во болница.
Успешната филмска кариера на Неда Аренериќ започна исклучително рано, на 13 одини. Па, поради бројните понуди за улоги, не успеа да ја заврши Академијата за театар, филм, радио и тв, на која се запиша на 16 години. Но, дипломира на катедрата за Историја на уметност, на Филозофскиот факултет во Белград, во 1980 година.
За Македонија ја врзува работата на филмт „ Исправи се Делфина “, кој го режираше Александар Ѓурчинов. За ова остварување, Неда Арнериќ освои Сребрена aрена, 1977 година, на фестивалот во Пула , како и „ Царица Теодора “ на Нишкиот филмски фестивал.
Арнериќ важеше за секс силмбол во екс ју кинематографијата. Се прослави со улогите во филмовите„ Вишња од Ташмајдан“ , „ Пладне“, „ Неделен ручек“, „ Татко на одредено време“, „ Приказни преку полна линија“, „ Кој тоа таму пее“, „ Крајот на војната“ „ Халоа “, „ Три карти за Холивуд“. Играше и на тв и во театар, а нејзината последна улога е онаа во дуо- драмата, комедија „ Се извинуваме, многу се извинуваме“, во која настапи со Феѓа Стојановиќ.
За својата самопрегорна и посветена работа, Неда Арнериќ се закити со значајни награди и признанија на српското глумиште, меѓу кои се „ Павле Вујисиќ“ и плакета од Југословенската кинотека.