Почина тивката дама на МНТ, Љупка Џундева

На 84 годишна возраст, почина актерката на МНТ, Љупка Џундева, чиј сензибилитет се опишува како тивката дама на македонскиот театар. Таа припаѓаше на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, со што се вклучи и во создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Во МНТ работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија, настапувајќи во претстави од сите жанрови, работени по текстови од светската класика до домашното драмско творештво. Таа се вгради и во развојот на домашната кинематографија, низ незаборавната улога во филмот „ Мирно лето“ на Димитрије Османли. Нејзината последна улога на сцената на МНТ, беше во 2015 година,  во претставата „Вујко Вања“ од Чехов, во режија на Зоја Бузалковска. Посмртните останки на Љупка Џундева ќе бидат изложени утре од 11 и 30 до 12 и 30 часот во капелата на градските гробишта во Бутел, а потоа ќе се одржи погребот.  МНТ, ќе одржи комеморација за неа, во вторник, на пладне.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ