
Почина Љубиша Георгиевски, корифеј на македонскиот театар
„Ако понекогаш блескав, тоа беше само затоа што горев“. Вака нашиот докажан режисер, Љубиша Георгиевски, кој утрово ја изгуби битката со животот на 81 година, по кратко боледување, го опиша својот животен пат во еден од последните јавни настапи . Во неговата исклучително плодна кариера, по дипломирањето на Академијата во Белград 1974 година, се вбројуваат 165 театарски претстави, поставени во земјава, регионот, Европа, САД и Русија. Режираше и филмови, меѓу кои се вбројуваат : „ Планината на гневот, “„ Републиката во пламен“, Цената на градот“, Под исто небо“.Георгиевски беше и професор по актерска игра на ФДУ во Скопје, а предаваше и на универзитетите во Јужна Калифорнија и во Тексас.
Беше македонски амбасадор во Бугарија, претседател на Собранието, претседателски кандидат од партијата ВМРО-ДПМНЕ 1994 , а се вклучи и во протестите на движењето „ За заедничка Македонија“, минатата година . Зад себе остави и повеќе книжевни објави што ќе сведочат за неговиот уметнички и општествен ангажман. Изложувањето на посмртните останки на Љубиша Георгиевски во капелата на гробиштата во Бутел и погребот, ќе бидат во недела од 11 до 13 часот, соопштија од неговото семејството.
Сотир Трајков