Почина Јован Ристов, првиот директор на Управата за заштита на културното наследство

Ненадејно во Скопје, на 69 годишна возраст , почина Јован Ристов, истакнат правник во сферата на заштитата на културното наследство. Ристов беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија. Посмртните останки на Јован Ристов ќе бидат изложени утре од 13 до 14 часот во капелата на градските гробишта во Бутел, а потоа ќе се одржи погребот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ