
Почина холивудскиот актер Барт Рејнолдс
Во 82-рата година од животот почина Барт Рејнолдс, ѕвездата на холивудските филмови „Ноќи на бургија“, и „Смоки и Бандит“. Рејнолдс починал од срцев удар, откако му се слошило во семејниот дом, од каде бил пренесен во болница. Од семејството велат дека со години страдал од проблеми со срцето, а пред 8 години имал и сериозна операција.
Рејнолдс глумеше во најголемите акциони филмови од крајот на 70-тите и 80-те години од минатиот век. Во 1998-мата доби златен глобус, а беше и номиниран за Оскар.
Беше познат заведувач во Холивуд, а по него лудуваа многу од неговите колешки. Една од неговите напознати изјави беше дека секоја жена е беспомошна се додека не и го исуши лакот на ноктите.