
Почина Долорес О’Риордан, гласот симбол на 90-тите
Пејачката на ирскиот бенд Кренберис Долорес О’Риордан почина во Лондон на 46 години, соопшти нејзиниот публицист.
,„Главната пејачка на ирскиот бенд „The Cranberries“ беше на снимање во Лондон. Засега не можеме да соопштиме повеќе детали. Нејзиното семејство е под шок од овие вести и бара приватност во овие тешки времиња“, се вели со соопштението.