Почина актерот Славко Нинов

Македонскиот народен театар е во жалост ! На 74 годишна возраст, по кратко и тешко боледување почина актерот Славко Нинов. Целиот работен век го помина во МНТ, несебично вложувајќи се и на сцената и во раководењето на театарот. Незаборавни се неговите креации во претставите на режисерот Бранко Ставрев, а Нинов ќе остане запаметен и по извонредните интерпретации на стихови од македонските поети: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и др. Погребот на Славко Нинов ќе се одржи утре во 13 часот на гробиштата во Бутел, соопштија од МНТ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ