Пивара Скопје лансираше два бренда сајдер пијалаци

Пивара Скопје на пазарот лансираше нова категорија пијалаци – САЈДЕР.  Пивара Скопје лансира два сајдер брендa од портфолиото на Heineken: Strongbow, водечки премиум бренд во оваа категорија во светски рамки, како и брендот Apple Bandit, кој е исклучително популарен ширум Европа, а особено во земјите од нашиот регион. Сајдерот е еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци во светот.

Следејќи ги пазарните трендови, како и преференците и потребите на потрошувачите, кои секогаш се во фокусот на нашето работење, Пивара Скопје одново ја проширува својата понуда, воведувајќи нова категорија пијалаци на пазарот. Среќни сме што и потрошувачите во земјава отсега ќе можат да уживаат во уникатното природно освежување што го овозможуваат двата водечки сајдер бренда – Strongbow и Apple Bandit. На ваков начин, како компанија ја исполнуваме нашата основна мисија, преку постојани иновации да им овозможиме на консументите најразновидна и најширока понуда на квалитетни производи, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

Сајдерот е оригинален, автентичен пијалак што се добива со ферментација на јаболки, како природна состојка. Се карактеризира со лесен, сладок до слатко-киселкаст вкус. Токму поради тоа сајдерот нуди природно освежување кое дополнително е засилено со ниската газираност. Благодарение на природните овошни ароми кои можат да се користат во текот на процесот на производство, на пазарот може да се најдат и сајдер пијалаци со различни вкусови. Па така, покрај Apple Bandit и Strongbow со вкус на јаболко, на домашниот пазар Пивара Скопје пласираше и Strongbow сајдер со природен вкус на шумско овошје. Овие сајдер пијалаци содржат по 4,5% алкохол.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ