Пенушлиски: Уметноста не може да ја одлучи судбината на татковината, ама може да ја покаже и во поубава светлина

Дваесет и девет дела создадени во изминатите пет години, од еден од најреномираните македонски уметници Илија Пенушлиски се дел од изложбата, која се отвори вечерва во Културно-информативниот центар.

Верувам дека ова се најоптимистичните слики кои сум ги насликал, вели Пенушлиски во чие богато и разнолико творештво се вбројуваат голем број изложби во Европа и САД.

„Задоволен сум. Зошто ? Затоа што видов дека сум успеал со помош на мистичните вештини на алхемијата и тајните на „црната магија“ да спасам дел од душата од барокните и преспанските бомбардировки. Видов дека не ме уништиле тотално. Уметноста не може да ја одлучи судбината на татковината, ама може да ја покаже и во поубава светлина, а може да посочи и на лошотиите кои ни се случуваат. Јас ја гледам позитивната страна“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ