
Отворена изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“ на Мирослав Масин во МАНУ
За себе вели дека птиците го следат уште од детство кога ги чувал, потоа и на Академија кога сликал птици. Птиците се присутни и во најновиот циклус слики на Мирослав Масин. Во време во кое сведочиме на бројни ситуации налик на „лет во место“ кои се нештата кои му даваат чувство на Масин да полета.
Летањето е една птичја вонземска работа каде што нема ни политики, ни фудбали, ниту слични работи. И јас сега можам да си дозволам на мои прекрасни, најубави години да го правам тоа, вели Масин.
Кои се стереотипите кои не ни дозволуваат никогаш да полетаме ?
Тоа се внатрешни некои бариери кои ги имаат луѓе кои имаат проблеми самите со себе. Инаку тие што немаат проблеми сами со себе тие си летаат и по вода и под земја и на земја и на Марс, категоричен е Масин.
Кои се нештата кои успеваат да ве направат гневен доколку постојат такви ?
Речиси и не постои такво нешто кое може да ме изгневи, ако е тоа македонски збор, рече Масин.
Нина Стефанова