
Оставка од работната група за „ Ск 2014“ поради одлуката на Владата да го пренамени споменикот на Мајка Тереза
Мартин Пановски, актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти, поднесе оставка од членството во работната група , формирана за анализа на проектот Скопје 2014. Неговото заминување од работната група, како што вели, е поврзано со одлуката на Владата, недоградениот споменик на Мајка Тереза на плоштадот Македонија, како поефтина варијанта да се пренамени , наместо да се руши или дислоцира, како што стои во елаборатот на работната група, изготвен есента 2017 година. Пановски кусо ја коментираше одлуката.
Многу е поскапо да лечите пациент, отколку да не го лечите, вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти.
Претседателот на АА, побара од Владата итна заштита на современата архитектура и враќање на стариот изглед на зградите на Телекомуникацискиот центар, Стоковната куќа и на Владата, кои беа преоблечени во барок, како дел од „Скопје 2014“. Споменикот на Мајка Тереза е чудовишно прекршување на правото на град и на правото на пристапност, достапност и користење на земјиштето за општа употреба, зашто се работи за попречување на улицата „ Орце Николов“, изјави претседателот на работната група за проектот Скопје 2014, Мирослав Грчев, за Телма, на почетокот на ноемви 2017 година , по доставувањето на елаборатот до тогашниот министер за култура, Алаѓозовски. Сега , Владата го задолжи Министерството за култура да спроведе постапка за пренамена на споменикот на Мајка Тереза, согласно предвидените можни намени во урбанистичката планска документација за предвидената парцела и да распише јавен конкурс за идејно решение за пренамена на објектот. Скулптуралната композиција Мајка Тереза требаше да биде донација од индискиот бизнисмен Субрата Рој. Но, откако тој беше уапсен поради проневера на данок, градењето започна во 2015, а власта на Груевски планираше за него да потроши 5, 6 милиони евра. Автори на споменикот се Валентина Стевановска и Кирил Мукаетов.
Сотир Трајков