ОЈО презема мерки за расчистување на случајот со Богоевски

Основното јавно обвинителство дало наредба на МВР да се направат проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот на пратеникот Павле Богоевски како и да се провери од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за чии потерби. МВР ќе треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството доколку по спроведувањето на сите мерки се обезбедат докази и се утврди идентитетот на сторителите на кривични дела.

По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш беше изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот, соопштуваат од јавното обвинителство.

Премиерот Заев деновиве ќе се сретне со Павле Богоевски од кој лично ќе се информира за целиот случај. Тврди дека тоа што тој го направил нема влијание врз извршувањето на јавната функција.

Богоевски денеска се појави на Собраниската комисија за одбрана чиј член е, но одби да даде изјава. Неизвесно е кога ќе ја закаже седницата на Комисјата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со која претседава а на која треба да се одземе мандатот на Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе побараат тој да се изземе од комисијата поради снимката во кој тој нарачува наркотична дрога од непознато лице.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ