Охрид остана на листата на УНЕСКО без додавката дека е во опасност, барем во следните шест месеци

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесе одлука Охридскиот регион да не биде впишан во листатата на наследство во опасност. Но УНЕСКО ѝ даде рок на Општина Охрид до февруари наредната година да ги спроведе препораките за заштита на природни богатства, да состави нов извештај за зачувување на имотот, кој ќе биде разгледуван од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година.

Ние сторивме се што можеме во битката Охрид да остана под закрилата на УНЕСКО и ги презентиравме фактите за тоа што се презеде оваа Влада во желбите да ги санира состојбите. Дали ја добивме оваа битка ? Да. Дали ја добивме војната ? Допрва треба. Затоа уште од утре треба сите чинители во државата да преземат конкретни и одлучни чекори за заштита на Охрид, бидејќи ако тоа не се случи не го ни заслужуваме Охрид, рече Жерновски.

Регистерот на дивоградби кои што на барање на УНЕСКО го изработи самата општина во Охрид покажа над 1000 дивоградби, 409 се лоцирани во заштитен појас на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот.

Ние сите буквално, сите треба да покажеме зрелост при соочување со фактот дека состојбата во Охрид и воопшто во охридскиот регион е критична и дека оваа операција бара итен и сеопфатен ангажман. Ќе биде навистина недозволиво и тажно би рекол ако по извесно време констатираме дека и светот и Европа се грижат повеќе за нас, за Охрид отколку ние самите, вели Жерновски.

Во 2017 – та Реактивната мисија на УНЕСКО утврди сериозно загрозување на заштитеното природно и културно наследство во Охридскиот регион и испрати 19 барања за подобрување на состојбите.  Целосно се исполнети само три.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ