Одбележан денот на македонскиот јазик

Шест до девет лекторати кои се во очајна состојба, се помал број студенти кои се запишуваат на Катедрата за македонски јазик и книжевност се нештата кои мора да бидат минато, велат претставниците на научните институции.

“Оваа година за жал запишавме седум редовни и неколку вонредни студенти , меѓутоа не ја надминуваме бројката од 8 или девет. Тоа не се случило во историјата на овој факултет дури и јас кога студирав пред многу години тоа не беше случај. Се надевам дека ќе ни се овозможи тоа бидејќи ние не работиме со сопствени средства туку работиме главно со средства од државата” – изјави Претседателот на советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

Вработување на млад кадар во научно истражувачката дејност, финансиски средства за научни проекти се неоходни за да можеме да говориме за грижа за македонскиот јазик, рече директорката на Институтот за македонски јазик, Јованова Грујовска.

“Верувајте десет години немаме проекти, убаво е да бидат повторно возобновени финансирањето на проектите и секако еден пристоен достоен живот со повисоки плати затоа што и тие плати 12 години никој не се сетил ни ги покачи” – вели Грујовска.

Владата и понатаму  ќе вложува во капацитети кои ќе ја развиваат употребата на македонскиот јазик во земјава и странство, рече премиерот Заев.

На денешната средба со премиерот претставници на најважните институции кои се посветени на македонскиот јазик укажаа на состојбите и предлозите за сеопфатен и стратешки пристап за чување и унапредување на македонскиот јазик.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ