
Нула толеранција за злоупотреби во Министерството за култура
Објавен е мобилен телефонски број на кој апликантите на конкурсите за Годишната програма на Министерството за култура, може да се јават или да испратат порака до министерот Асаф Адеми, за да пријават злоупотреба или било какви други нерегуланости во постапката.
- Ви се обраќам за да ви гарантирам дека при изборот на проектите нема да има никаква злоупотреба или манипулација. Затоа ве молам да бидете внимателни и да не станете жртви на манипулации. Доколку се најдете во таква ситуација, ве молам да ми пишете директно на телефонскиот број 071 329 040 (можете и на whatsapp и viber). Времето на злоупотребите веќе е минато, вели министерот за култура, Адеми, во дописот кој беше лиферуван до медиумите.
Од денеска почнуваат со работа 9 комисии кои треба да ги разгледаат и оценат апликациите, пристигнати на конкурсите за Годишната програма. Резултатите ќе бидат објавени во законскиот рок- 45 дена по усвојувањето на буџетот за следната година или на 28 Јануари 2019 година, велат од ресорот Култура.