Независната сцена со забелешки на Уредбата на Министерството за култура

Во подршката на Министерството за култура не се опфатени вработените во правни лица кои работат во дејности од културата, велат од независната сцена.

Независната сцена е задоволна од Уредбата на Министерството за култура, за подршка на уметниците и физичките лица кои самостојно вршат дејности и други активности во културата , за време на вонредната состојба, предизвикана од здравствено – економската криза, предизвикана од Ковид-19. Тие со оваа уредба ќе добијат две минимални плати од 14500 денари , за април и мај. Но во соопштението до јавноста независните уметници велат дека во Уредбата не се содржани сите нивни предлози, истакнати на средбата со министерот Хисни Исмаили на 24 март.

  • Уредбата не ги содржи нашите барања , во подршката да се вклучат и вработени во правно лице, кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата , а тие лица не се опфатени со оваа, а ни со една друга мерка и уредба, се вели во соопштението.

Бараме навремена имплементација и ефективност на институциите во реализација на договорените мерки и предлози, дополнуваат во соопштението , потпишано од Иницијативата- Културата е насловна страна во секое општество и од Асоцијацијата на независната културна сцена, Јадро.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ