Ненадејно почина режисерот Златко Славенски

На 53 години, денеска ненадејно почина театарскиот режисер и професор на ФДУ, Златко Славенски.

Смртта настапила на час со неговите студенти, потврдија за Телма од ФДУ. Златко Славенски подеднакво поставуваше и класици и современи автори, а имаше посебен афинитет кон примената на современата технологија и квантната физика во театарот.

Негови претстави се „ Амадеус“, „ Розенкранц и Гилдестерн се мртви“, „ Папокот на светот“, „ Будење“, „ Соларис“, „ Кавкаски круг со креда“, „ Сината птица“.

Беше сопруг на актерката Искра Ветерова.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ