Натпревар во алпско скијање на роботи

За време на Олимпијадата во Јужна Кореја, во малото место Дунае се одржа натпревар во алпско скијање на роботи.

Сите „натпреварувачи“ мораа да имаат висина од преку 50 сантиметри, да стојат на две „нозе“ да имаат зглобови кои наликуваат на лакти и колена, како и независен систем за напојување и да користат скии и стапови.

Роботите беа опремени со камери и сензори програмирани да ги избегнуваат сините и црвени знаменца по должина на патеката.

Во трката учествуваа осум тимови на приватни компании, институти и универзитети кои се натпреваруваа за награда од 10 илјади американски долари. Победник беше роботот на тимот Таекван – В, на кој покрај брзината со која ја помина трката се вреднуваше и колку знаменца успешно заобиколил.

Задоволни од трката инженерите велат дека се надеваат во иднина роботите да имаат сопствена зимска Олимпијада, на маргините на Олимпијадата за луѓето.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ