„ Налепница“ залепи награда на фестивал во Бруклин

Филмот „Налепница“, по сценарио и во режија на Георги М. Унковски, освои награда за најдобар краток филм, на Филмскиот фестивал во Бруклин, соопштија од Агенцијата за филм.

Филмот е микс на еден вид потрага по среќата и искупувањето, но е и еден вид социјален коментар на општеството. Конечно, тој зборува за љубовта помеѓу татко и ќерка“, вели  режисерот Унковски.

„ Налепница“ го продуцира „Синема футура“, а се снимаше шест дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра актерот Сашко Коцев, а во екипата се и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.

„ Нелепница“ беше премирно прикажан во рамките на годинашново издание на фестивалот Санденс во Јута (САД), а освои и награда во Словачка. Тој ќе биде прикажан на претстојното издание на фестивалот за кратки филмови „ Интерна Бонал“ во Палм Спрингс,  што ќе се одржи од 16 до 22 овој месец.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ