
„ Налепница“ залепи награда на фестивал во Бруклин
Филмот „Налепница“, по сценарио и во режија на Георги М. Унковски, освои награда за најдобар краток филм, на Филмскиот фестивал во Бруклин, соопштија од Агенцијата за филм.
Филмот е микс на еден вид потрага по среќата и искупувањето, но е и еден вид социјален коментар на општеството. Конечно, тој зборува за љубовта помеѓу татко и ќерка“, вели режисерот Унковски.
„ Налепница“ го продуцира „Синема футура“, а се снимаше шест дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра актерот Сашко Коцев, а во екипата се и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.
„ Нелепница“ беше премирно прикажан во рамките на годинашново издание на фестивалот Санденс во Јута (САД), а освои и награда во Словачка. Тој ќе биде прикажан на претстојното издание на фестивалот за кратки филмови „ Интерна Бонал“ во Палм Спрингс, што ќе се одржи од 16 до 22 овој месец.