На 4 „ Киненова“ филмови кои поттикнале општествени промени

Со проекции на наградуваните остварувања на повеќе фестивали- „ Господ постои, името и е Петрунија“, во режија на Теона Стругар Митевска и „ Татко“, на бугарскиот режисерски двоец Кристина Грозева и Петар Валчанов, на 4 октомври во киното Милениум ќе започне четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал за дебитантски филм „ Киненова“. Организаторите најавуваат 7 филмови во официјалната натпреварувачка програма.

Програмски новитет се 5 филмски остварувања, наградени со „Лукс Прајс“ од Европскиот парламент. А, ќе има и фокус на современиот унгарски филм, гостување на истакнатата турска филмска режисерка и сценаристка, Јесим Устаоглу, како и проекција на нашиот кандидат за Оскар- „ Медена земја“.  Проекциите ќе бидат во киното Милениум и во Кинотека на РСМ, а ќе бидат прикажани филмови од храбри автори , кои поттикнале дебати за општествени промени , вели директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ.

  • Голем дел од овие автори толку одлучно пристапиле во анализата на темите за своите филмови, што и покрај сите контроверзи и ризици во однос на тие истражувања што ги правеле, тие без повлекување продолжиле . И со своите филмови поттикнале општествени дебати кои очигледно резултираа со преиспитување на одредени прашања, рече Небојша Јовановиќ- директор на фестивалот Киненова.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ