Музејот на Македонија го изложи наследството на етничките заедници

Во Музејот на Македонија синоќа беше отворена изложбата  „Етнолошкото наследство на  етничките  заедници  во Македонија”, што е прва изложба во Музејот која интегрално го претставува културното наследство на етничките заедници . Во свечена атмосфера, присутните гости, авторите на изложбата и љубителите на уметноста ги поздрави министерот за култура Асаф Адеми кој ја поздрави иницијативата на Музејот на Македонија и на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија за презентација на оваа вредна изложба.

„Разновидноста и мултикултурализмот, како едни од суштинските квалитети на европскиот дух, одамна се во фокусот на Европската Унија, но истовремено тие се и одлика на македонското општество“, рече министерот Адеми,

Тој ги покани сите граѓани да ја погледнат изложбата, преку која, како што рече, ја градиме почитта кон сите народи, ја негуваме различноста и уникатноста која на ова поднебје  постоела со векови. На свеченото отворање на изложбата „Етнолошкото наследство на  етничките заедници“ говореа и евроамбасадорот Самуел Жбогар , министерот за дијаспора Едмонд Адеми, и директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ