
МНТ за прв пат со премиера на „ Макбет“
По 4 месеци проби и одложувања поради недостаток на финансии, утре вечер на сцената на МНТ за прв пат ќе биде премиерно изведена Шекспировата трагедија „ Макбет“, за која Министерството за култура од април наваму издвои околу 1 милион и 800 илјади денари.
Политичката амбиција која води до самоуништување, е главнa темa во претставата, вели режисерката Нела Витошевиќ. А, главните улоги ги толкуваат Сашко Коцев и Драгана Лошкова.
“Тоа е слично со некоја состојба на либералниот капитализам, каде личниот интерес е над се останато и каде што таа желба за брз напредок и прогрес за да се стигне до целта, на некој начин е еквивалентна како борбата за престолот” – вели режисерката Нела Витошевиќ.
“Да не беше жена му на Макбет, тој ќе си тераше уште по старо. Папучар. Таа го натера” – вели Сашко Коцев, кој го игра Макбет.
“Тие двајцата, пред се, не се остварени како родители. На едно место, тоа и се споменува во текстот. Сега може да се толкува на повеќе начини, но го земавме како една можност” – додава Драгана Лошкова која ја игра Лејди Макбет.