МНТ со „ Галеб“ на престижен фестивал во Пекинг

Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“, од Антон Павлович Чехов, во режија на Нина Николиќ, на 21 јануари ќе  учествува на 20. уметнички фестивал „Средба во Пекинг“.
„Средба во Пекинг“ е сеопфатен фестивал во организација на Министерството за култура и туризам на Народна Република Кина, градот Пекинг и Националната радио и телевизија.  Фестивалот е предводен од Здружението за уметност и забава во Кина. Тој успешно се одржува од 2000 година, со учество на повеќе од 30 илјади уметници, од над 100 земји, од целиот свет.

Овој фестивал е еден од најголемите уметнички настани во Кина, а во изминатите години на програмата се најдоа претстави, ликовни изложби, концерти, танци, настапи на отворено и активности за уметничка едукација. Уметници од целиот свет ја презентираат својата култура, преку различни форми и содржини, а фестивалот претставува одлична платформа за промовирање на кинеската уметност и култура низ светот.

Во претставата „ Галеб“ на МНТ играат: Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ