
МНТ од утре вечер со он лајн претстави за публиката
Македонскиот народен театар, следејќи ги забраните за јавни собири, за превенција од корона вирусот, ќе и се приближи на публиката преку он лајн проекции. Преку You tube каналот на МНТ од утре вечер ( 18.03) во 20 часот, па до 24 март, театарот ќе им ја пренесе магијата на гледачите низ проекциите на „ Сомнително лице“, „ Изгубени Ѓерманци “ , Парите се отепувачка “ , Да тргнеме Сењор“ и „ Мајсторот и Маргарита “. Останете дома , почитувајте ги препораките и гледајте не он лајн, порачуваат од ансамблот на МНТ.