Младите се помалку ги интересира културата

Да се понудат квалитетни културни настани блиски до младите. Тоа според струмичките уметници е клучот да се привлече младата публика. Неприсуството на младите на културните настани, според актерката Аризанова е последица на тоа што настаните се лошо организирани, промовирани и третираат застарени теми, неатрактивни за публиката.

Анализите кои две години ги првело здружението за култура „Сцена“, покажале дека младите не знаат основни поими во културата. Така што, освен што се незаинтересирани, тие се и скудно информирани.

Уметниците сметаат дека и институционално, но и групите што функционираат вонинституционално треба да бидат покреативни и да најдат начини да ги вклучуваат младите во културните настани, за да можат да ги разберат и да видат  како тие ги замислуваат настаните на кои би сакале да присуствуваат, но и да се гради култура на почитување и следење на уметноста.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ