
Министеството за култура ја промени одлуката под притисок на јавноста
Покрај најавената подршка на фестивалот „ Златно славејче“, Министерството за култура подржа дел од проектите, чии организатори жестоко реагираа во јавноста зашто не поминаа на конкурсите. Скопскиот џез фестивал доби 3 милиони денари, Авалон продукција и ОФФ Фест- по 1 милион денари, а фестивалот Здраво млади, е подржан со 150 илјади денари. Ова е епилогот од едномесечната ревизија на првично објавените резултатите во Годишната програма за култура на ресорното министерство.
- По првично објавените резултати, откако беа увидени формални недостатоци во документацијата на дел од пријавите, на апликантите им се даде можност, во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за нив. Исто така, беше извршен и детален преглед на бодовите за секоја ставка од конкурсите, а беа одржани и средби со дел од културните оператори, велат од Министерство за култура.
Ревизијата на одбиените проекти следуваше по бранот незадоволство во јавноста за начинот како биле распределувани сретствата, а одбиени апликанти коментираа дека се фаворизирани проекти на поединци, блиски до власта. На барање на опозицијата, која тврдеше дека со Годишната програма се подржани фирми и здруженија формирани пред отворањето на конкурсите, утре се очекува надзорна расправа во собраниската комисија за култура. А , истрага за распределбата на сретствата од годишните конкурси за подршка на проекти од национален интерес најави и Антикорукписката комисија.
Сотир Трајков