Министерството за култура ќе соработува со швајцарскиот институт за технологија

Министерството за култура на Република Македонија ќе воспостави официјална соработка со Сојузниот институт за технологија од Швајцарија, преку Лабораторијата за уметности и науки, со седиште во Лозана. На 7 мај годинава, министерот за култура Роберт Алаѓозовски ќе го посети Сојузниот институт за технологија од Швајцарија и ќе потпише момерандум за соработка. Во рамките на посетата, министерот за култура ќе учествува и на тркалезната маса на тема „ Културна инфраструктура во балканските градови“. Целта на дискусијата е да се продлабочи разбирањето за тоа како културните системи ја произведуваат, обликуваат и конзумираат културната инфраструктура на градовите од Балканот. Настанот воедно ќе значи и почеток на соработката меѓу Лабораторијата за уметности и науки при Сојузниот институт за технологија и Лабораторијата при швајцарскиот федерален институт за технологија, со цел проширување на потенцијалите околу предложената тема. Лабораторијата при швајцарскиот  федерален институт има значително вклучување и искуство на оваа тема, во балканскиот регион. Како претставник од швајцарската лабораторијата за уметности и науки , на настанот ќе присуствува и архитект Јана Константинова.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ