МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА: ГЛАВЕН ПРИОРИТЕТ Е НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА

Министерството за култура во дописот до медиумите ја поддржува иницијативата на Синдикатот за култура на РМ до Собранието, да се направи нивелација на платите во културно- уметничките  институции.

„Министерството за култура, задолжено за обезбедување достојни професионални услови за работа на уметниците во земјава и на другите субјекти кои придонесуваат за квалитетот на културните дејности во земјава, изразува жалење што сѐ уште не се создадени услови за потпишување нов колективен договор со кој ќе се надминат наталожените долгогодишни проблеми во оваа област.

Како што истакна министерот за култура Асаф Адеми на прес-конференцијата за буџетот, негов главен  приоритет останува новиот Закон за јавен интерес во културата, со чие усвојување во Собранието на РМ, и по усвојувањето на новиот Закон за јавна администрација, ќе се создадат услови за потпишување на колективниот договор во културата. Средствата потребни за остварување на овој договор, пак, дополнително ќе бидат обезбедени по спроведените анализи од страна на стручните служби на Министерството за култура и претставниците на репрезентативен синдикат.

Работната група при Министерството за култура во која членуваат претставници на синдикатите активно работи на правична валоризација на трудот на вработените во културата. Министерот за култура Адеми ја поддржува иницијативата на СКРМ, кој преку амандман поднесен од претставници во Собранието на РМ бара средствата за нивелација на платите да бидат изгласани и вметнати во буџетот за 2019 година“, стои во соопштението.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ