
Министерот Адеми не го користел дискреционото право да одлучува за Годишната програма
Пратеничката од опозицијата Магдалена Манаскова, го праша министерот за култура, зошто во Годишната програма повеќе сретства се давале за невладиниот сектор, а помалку за националните установи.
НУ Музеј – Гевгелија, за сите проекти, за реализација на целата програма има добиено 630 илјади денари, а здружението Еко Вита Арт-Скопје, за „Ден на грозјето“ и за уште еден проект има добиено 780 илјади денари. Здружението Солејна од Тетово за мал музеј на Зекирија Али има добиено 700 илјади денари, а НУ Музеј на Тетово, за реализација на целата нивна програма имаат добиено 440 илјади денари. Којги реализира културните политики? праша Магдалена Манаскова – пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
Министерот Адеми со одговор дека тој не го користел дискреционото право да одлучува по проектите, туку дека за нив решавале комисиите.
Сите предлози од комисиите што беа, ниту една одлука не е донесена од моја страна, користејќи го дискреционото право. Значи сите се по предлог на комисиите. Сите членови се професионалци. Тоа ќе го видите кога ќе ги добиете нивните сивија и ќе заклучиме тогаш дали сме во право или не, вели министерот Адеми.
Според Адеми проблемите потекнуваат од страриот Закон за култура и додека не се донесе новиот, за остварување јавен интерес во културата, ќе се менува постоечкиот, во делот на финансирањето, за што е формирана и работна група. Од опозицијата ја прашаа посебната советничка за култура на премиерот, по кои критериуми ја ревидирала Годишната програма. Таа рече дека не интервенирала, туку само извршила увид.
Врз основа на кои критериуми, закон или акт ја ревидиравте програмата од национален интерес во Министерството за култура? праша пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лешоска.
Само имав состанок со министерот, со кумисијата за музичко- сценска дејност. Разговаравме , дадов насоки, побарав информации и комисијата сама си ја работеше својата работа, одговори советничката Ласкова.
Надзорната расправа се одржа на барање на опозицијата, а по бурата реакции во јавноста околу начинот како биле распределени сретствата , по спроведените конкурси за подршка на проекти од национален интерес во културата.
Сотир Трајков