
Медиа Деск.МК ги отвора вратите за филмските креативци
Отворени сме за соработка со филмаџии, продуценти и невладин сектор , вели новата раководителка на „Медиа Декс.МК“, Бистра Георгиева, за активностите во следниот период поврзани со работата на оваа канцеларија при Агенцијата за филм. „ Медиа Деск.МК“, се занимава со развојно финансирање, дистрибуција и промоција на филмска дејност и аудиовизуелни индустрии во Европа. Таа е пот-програма на „ Креативна Европа“, која пак е програма на Европската комисија за подршка на културата и аудиовизулениот сектор, со седиште во Брисел. Пот- програмата Медиа, постои во Македонија од 2015 година. До сега од централата биле добиени 600 000 евра , преку кои се финансирани 5-6 проекти , вели раководителката Георгиева. Меѓу нив се домашните фестивали „ Македокс“ и „ Браќа Манаки“, филмови на Игор Иванов- Изи, Теона Стругар Митевска, а во мрежата се вклучени и кино салите „Фросина“, „ Милениум“ од Скопје и една во Битола . Можноста за добивање сретства преку „ Медиа Деск.Мк“, главно за копродукциски проекти, за кои од пот-програмата очекуваат 50 % подршка од дома, ќе биде претствена во Битола, на 23 Септември, на престојното издание на „ Браќа Манаки“. Годишно 400 филмови, финансиски подржува пот-програмата, вели раководителката Георгиева.
Апликантите кои очекуваат сретства за реализација на проектите, за кои во периодот 2021-2027 година од централата во Брисел ќе бидат издвоени 1 милијарда евра, треба да имаат зад себе веќе еден филм , прикажан во кино. Треба да поседуваат знаење за пополнување на комплицираната апликација, која не е нужно да се донесе во „ Медиа Деск.МК“, доколку апликантите умеат да се снајдат со пополнувањето . Но, доколку постојат нејаснотии, канцеларијата е отворена да му помогне на секој апликант, потенцира Георгиева. Конкурсите за аплицирање за подршка на филмски и тв проекти, учества на фестивали, дистрибуција, изработка на видео игри, проекти од виртуелната реалност и за едукација на публиката, ќе бидат отворени кон крајот на месец ноември, потенцира Георгиева. Таа вели дека многу ја сака филмската уметност и дека прифаќањето на новата функција го разбира како можност македнските филмски работници да се поврзат во копродукции ,со партнери од регионот и светот и да добиваат што повеќе сретства за своите проекти преку „ Медиа Декс.МК“.
Сотир Трајков