Малиот битолски Монмартр чека пари од државата

Два дена ден пред почетокот на 38-то издание на „Малиот битолски Монмартр“, на сметката на детската ликовна колонија не пристигнал ниту денар од ветената поддршка од државата. Годинава од Националната програма на Министерството за култура доделени се само 100.000 денари, кои ниту од далеку не се доволни за одржување на оваа реномирана детска манифестација, но парите не се исплатени, така што Малиот битолски Монмартр се соочува со сериозни проблеми.

Го обжаливме решението на Министерствотo за култура, до ден денес немаме одговор. И тие 100.000 денари не се стигнати. Се жалевме до Држаната комисија, исто така немаме одговор, но ако чекавме на тие пари, Малиот битолски Монамртр немаше да се одржи, вели Коста Хаџиантовски, раководител на „Мал битолски Монмартр“.

Досега пари добиле само од еден спонзор, се очекува и битолската локалана самоуправа да го подржи битолски „Монмартр“, а  хотелиерите од Битола ги отвараат вратите за младите таленти за колонијата да не пропадне.

Добрите домаќини, хотелиерите, угостителите се потрудија и рекоа ако имате нула пари, дојдете, во нашите локали ќе ги сместиме децата, вели Хаџинтоновски.

Околу 20 екипи со стотина талентриани деца и ликовни педагози од повеќе земји во светот, пристигнуваат утре во Битола. „Малиот битолски Монмартр“ започнува во  четврток со отворање на Светската ликовна изложба. Колонијата ќе се трае до 30 мај, а децата ќе ја сликаат старата градска архитектура во Битола и Охрид.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ