
Македонија ја одбележува Европската ноќ на музеите
Со отворање на повеќе изложби, бесплатен влез за посетителите и подарок на одредени публикации Македонија се вклучува во одбележувањето на Европската ноќ на музеите.
„ Со цел да ја ангажираат новата публика и да ги зајакнат врските со неа, музеите мораат да пронајдат нови начини на интерпретирање и презентирање на своите колекции“, вели Маја Чанкуловска-Михајловска. Во рамките на одбележувањето на Европската ноќ на музеите во Македонија се одржуваат околу 40 настани.
Секаде би требало да се отворени вратите на музеите до 1 часот по полноќ и секаде влезот е бесплатен. Конкретно за Националната галерија на Македонија ќе биде вечерва изложбата на Влахо Буковац во објектот Мала станица.
Музејот на Македонија ќе ги отвори вратите за посетителите во 19 часот и таму ќе може се погледнат постојаните и историските поставки, вклучувајќи ја и привремената изложба: Ликовни дела на Васко Ристовски „Македонска наивна уметност“.
Во Франција таа пракса трае веќе со години и оваа ноќ илјада и триста музеи во Франција ќе бидат отворени со различни манифестации, така што и Музејот на Македонија се приклучува кон овој настан, со тоа што ќе имаме и џез група Неџт то Силенце, која што ќе изведе дел од нивниот репертоар.
Во рамките на „Европската ноќ на музеите“ се приклучуваат и Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на град Скопје, Прилепскиот музеј за посетителите вечерва ќе ги отвори бесплатно вратите на шесте музеи во градот со единствена цел популаризирање на музејската дејност во земјава, давајќи им нова димензија низ разоткривање на сета динамика и живот која е само навидум скриена во ова брзо темпо на живеење.
Нина Стефанова