„Љубените сеќавање на еден заеднички живот“ – дванаесет портрети на Билјана Гарванлиева и Мануел Цимер

„Љубените сеќавање на еден заеднички живот“, дванаесет портрети на Билјана Гарванлиева и Мануел Цимер која поттикна многу емоции на отворањето на поставката во Чифте амам. Изложбата е директна рефлексија на тоа што значи да се соочиш со смртта, што би значело тоа за нивните и животите на нивните деца.

Проектот е реализиран со дигитален метод на т.н. „проширена реалност“ и претставувал голем предизвик за германскиот фотограф Тим Дојсен, кој собрал храброст да обработи специфична приказна со трогателна нота. Покрај изложбата на „Македокс“ во „Куршумли-ан“, големо внимание привлече проекцијата на последниот документарен филм „Тетовски самрак“  на режисерката Билјана Гарванлиева и нејзиниот сопруг Мануел Цимер.

Овој филм, кој со големо внимание беше проследен на платото пред Музејот на Македонија, е последниот на прерано починатата режисерка Гарванлиева, кој потоа беше и довршен од страна на нејзиниот сопруг, Филмот ја опишува состојбата на една генерација што плови меѓу надежта и стварноста, истовремено поставувајќи прашања од реалниот живот во услови на безнадежност.

Марко Марк

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ