Лиза Џерард : Да го чуваме срцето на човекот меко за да ја чуе вистината

Јас сум пророк, надвор од политиката и од системот и во овој свет со укинати чувства, чувствувам одговорност како уметник дека мора да го чуваме срцето на човекот меко, за да ја чуе вистината, вели Лиза Џерард, поубавата половина од австралиско –британското дуо „ Dead can dance“, познато по изведбите на алтернативна светска музика.

Во ексклузивното интервју за Телма, Џерард зборува за 38 годишното постоење на дуото, за 9 студиски албум и за врската со наградениот со „ Греми“, хор „ Мистеријата на бугарските гласови“, кој пее традиционални бугарски и балкански песни.

Со овој хор Лиза Џерард го објави албумот „ Бучимиш“, кој деновиве беше претставен пред скопската публика.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ