Ликовни интервенции околу Универзална сала за 75 години од ослободувањето на Скопје

Драго наше Скопје , ти си град кој преживеа невидени катастрофи, ти си град кој секојдневно крвари преку запалените контејнери и матниот загаден Вардар, но ти си и град на илјадници љубови, град на маџирмаалските гулаби и чаирските фраери. Ти си единствениот град во кој сме дома. Ти си феникс, ти си нашиот град, ти си градот на солидарноста. Издржи Скопје за нас, за тебе, за следните генерации Скопјани! Те сакаме и секогаш ќе бидеме тука за тебе и во добро и во зло! Среќен роденден, среќни 75 години слобода, стои во дописот од група уметници кои заедно со Центарот за соверемена уметност ги направија ликовните интервенции околу Универзална сала.

Акцијата за уредувањето на елементите околу Универзална сала е подарок за градот и граѓаните на Скопје по повод 75 годишнината од ослободувањето на Скопје од тимот на Урбаните Уметнички акции и Центарот за современи уметности. Муралите се дело на еминентните ликовните уметници од средната генерација Александар Наумовски, Андреј Митевски и Љубиша Камењаров.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ