
Коцарев, Мирчевски и Дурацоски добитници на „11 Октомври“
Во Собранието беше доделена државната награда „11 Октомври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државава.
Наградата за животно дело во областа на науката ја доби академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски.