Конкурсите завршија, а назначувања на директори во јавните установи од културата уште нема

Бура од незадоволство во дел од театрите и во други јавни установи од културата, во врска со пролонгирањето на резултатите за избор на директори со полн мандат. Министерството за култура на 20 јули распиша 29 јавни огласи за назначување директори. Конкурсите завршија на 6 август, но резултати сеуште нема, па месецот поминува со в.д. директори по установите, со поминат мандат.

Незадоволни вработени во дел од театарите, кои инсистираат на анонимност, до Телма испраќаат докази дека и покрај јавните конкурси , изборот на директори  оди преку партиски кадровски комисии и преку партиски тефтери. Од Министерството за култура со спротивен одговор.

  • До сега немаме добиено никакви реакции од било која установа од областа на културата. Во спротивно, нашите служби при Министерството за култура, односно Секторот за инспекциски надзор соодветно ќе постапи и реагира ако утврди било каква претставка, велат од Министерството за култура.

Во текот на овој ден, на предлог на комисиите кои се формирани за селекција на кандидати , се очекува министерот да ги потпише решенијата за избор на директори за оние установи каде што апликантите ги исполнуваат условите да бидат избрани, дополнуваат од ресорот Култура.

Македонската филхармонија, Драмскиот, Велешкиот, Штипскиот, Охридскиот театар и Музејите во Битола, Штип и Струмица, работат со в.д. директори со истечен мандат. Која е одговорноста за ваквото работење и последиците од тоа, од Министерството за култура нема одговор.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ