Колку се посетени театрите кај нас?

Различни ставови меѓу јавноста и театрите за интересот и посетеноста на претставите. Граѓаните велат дека немаат доволно време и навика да посетат  театар, за некои пак репертоарот не е доволно привлечен.

За театрите пак годината која изминала била успешна.  Радува фактот дека младата популација редовно ги посетува претставите и купува билет плус. Добро конципираниот репертоар привлекува публика, велат театарските работници.

  • Посетеноста на публиката беше 84.500. Морам да напоменам во оваа бројка се вклучени и претставите и настаните . Меѓутоа за разлика од 2018- та година слободно може да се каже дека бројката во 2019- та година е зголемена за околу 8000 посетители, изјави Мила Анѓелковиќ, Македонски народен театар.

Репертоарската  политика се креира според посетеноста и образовната функција на театарот, сета Донев.

  • Посетеноста е околу 24.000 гледачи што во суштина е слично на 2018 та година. Публиката е претежно млада која го посетува Драмски театар. Секако има од сите генерации, но младата публика е најзастапена во демографската слика на публиката, изјави Горјан Донев, Драмски театар.

Во Турскиот театар кој повеќе години работи во Театар комедија претставите во изминатата година ги посетиле 6.000 гледачи. Во споредба со минатите години бројот на публиката расте и тоа се должи не само на  репертоарната политика и ангажирањето млади дипломирани актери, туку и следењето нови технологии на социјалните мрежи кои донесоа нова публика, смета Несрин Таир.

  • Сега знаете како во 21 век се е на фб и на Инстаграм и таа страна ја збогативме и од тој аспект се прават настани и генерално имаме увид колку луѓе сами бараат да го посетат театарот, а колку и ние ги рекламираме претставите нормално за да привлечеме повеќе посетители, изјави Несрин Таир, в.д на Турскиот театар.

За театарските работници посетеноста е исклучително важна и фактот дека треба да се привлечат новите генерации е предизвик и за менаџерите и за уметниците. Сепак креирањето на репертоарот никогаш не би требало да се прави со компромисли решенија кои ќе се одразат на квалитетот, сметаат тие.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ