
Книжевниот превод се помалку вреднуван од државните институции
Книжевниот превод се помалку вреднуван и ценет од државните институции, посочија на 47 -та Меѓународна средба на книжевни преведувачи која се одржа во манастирскиот комплекс во тетовски Лешок.
Велат дека Министерството за култура им го намалила буџетот наменет за годинешнава манифестација, што резултира со намален број на странски учесници од само три земји Северен Кипар, Русија и Германија.
Меѓу учесничките беше и претседателката на Македонскиот културен центар во Русија Олга Панкина, која од Македонски на Руски има преведено над шеесетина книжевни дела.
Вели дека преку преведувањето најдобро се пренесува една култура во светот. Колку во конкрениот случај Македонски книги ќе бидат преведени, се зависи од стратегијата на државата, но и на научните кругови, вели таа.
Симовски додаде дека освен државата, и книгоиздавателите не го ценат и вреднуваат трудот на книжевните преведувачи, кои се едни од најголемите амбасадори во секоја држава .
Годинешнава тема на средбата на книжевните преведувачи гласеше – Ритамот во книжевниот превод.
Зоран Димовски