Институтот за духовно и културно наследство на Албанците бара од Шилегов да се врати првобитниот изглед на спомен плочата на Мајка Тереза

Неодговорен чин и напад на фигурата на Мајка Тереза. Со овие зборови од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, во отворено писмо, бараат од градоначалникот Шилегов, да се врати спомен плочата на хуманистката во претходната положба. Плочата е поместена со изградбата на плочникот пред ГТЦ и поставувањето тревник во делот на приватно земјиште, чиј предмет  меѓу Општина Центар и сопственикот на парцелата и инвеститор „ Амадеус Девелопмент“, Управниот суд го врати на повторно одлучување во Општината.

Од Институтот за духовно наследство на Албанците очекуваат да се постави патека до спомен плочата и таа освен на македонски и англиски, да биде напишана и на албански, каква што била националната припадност на Мајка Тереза. Градоначалникот Шилегов најави повеќе детали на утрешната прес конференција , но рече дека е жално што сега се појавуваат душегрижници кои молчеле кога плацот се продал за да се гради зграда и Шпански скали. Општина Центар повторно го поништи одобрението за градење на инвеститорот зашто не пријавил и не почнал да гради во предвидениот законски рок од 2 години.

  • Со длабока огорченост ја примаме веста за овој неодговорен чин и сметаме дека станува збор за напад на фигурата на Мајка Тереза. Врз нејзината меѓународно признаена и прифатена работа, но и на нејзините обожаватели , ширум светот. Затоа верувајќи во вашиот авторитет, ние ви се обраќаме преку ова писмо , за да направите сè што е во вашата моќ и вашите раце. Со цел, да го вратиме ова место во неговата претходна состојба- Валдета Касапи- Институт за духовно и културно наследство на Aлбанците.
  • Утре ќе имаме тематски прес, ќе ги дадеме сите детали во врска со таа работа. Меѓутоа, двојниот аршин и лицемерието со кое сега некој се појавува, со цел да се грижи за оставштината на град Скопје и на светицата Мајка Тереза, едноставно прави револт кај мене како човек- Петре Шилегов- градоначалник на Град Скопје.
Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ