
Инсталација на цртаниот лик „ Линијата“ предупредува на голема дупка на патот кон Бањиче
Група активисти од Тетово, заедно со Центарот за современи уметности од Скопје, денеска на патот кон селото Бањиче, поставија инсталација според цртаниот лик „ Линијата“, како предупредување за дупката на патот, која се шири.
-Дупката е на една од главните рекреативни пешачки патеки. Се шири и се заканува, во случај на дожд да предизвика свлечиште и да го однесе целиот пат. Да ја затне реката, да направи брана, која доколку пукне, може да го поплави половина Тетово. Дупката е таму 3 години, а никој од надлежните не превзема мерки, велат од Центарот за современи уметности.
Инспирација за оваа уметничка акција е анимираниот лик од италијанската серија „ Линијата“-„ La Linea“, чиј автор е Освалдо Кавандоли, а препознатливиот глас на „ Линијата“, е позајмен од Карло Бономи.