
Инсајдер најпопуларна ТВ серија во 2017
Инсајдер се закити со Златна бубамара на популарноста за најпопуларна тв серија за 2017 година. Серијата е во продукцијата на Телевизија Телма и на „Слобода филм“.
Покрај Игор Иванов „Инсајдер“ ја режираа и Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Дина Дума и Марија Апчевска. Главната улога ја толкуваше Ирена Ристиќ. „Инсајдер“ е социјално ангажирана телевизиска серија која раскажува приказни од секојдневието на една новинска редакција.