Групна изложба „На работ“ во галерија „Акантус“

Во галеријата „Акантус“ вечерва  со почеток во 20 часот ќе биде отворена групната изложба “На работ”  на уметниците Ана Трајковска, Ива Станкова, Илија Прокопиев и Доротеј Нешковски.

Овие четири млади автори на оваа изложба ќе престават свои дела сите изработени во различни техники и формати. Нивните дела се изработени во масен пастел, графички отпечаток, цртежи, акрил, масло на платно и други. Навидум многу различни, но сепак доволно (не)компатибилни за да се направат една целина и да го прикажат уметничкиот израз за материјалната слика на работ.

Дијана Томиќ Радевска, куратор на оваа изложба ќе истакне: „Нивното искрено задоволство ќе се почувствува во предизвикот што го носи уметноста, возбудата од “лутањето” (истражувањето)низ сопствениот јазик. Низ отворени структури и проблематики во исцрпените емотивни забелешки, односот на човек-град, човек-природа, човек-човек го оставаат отворен и целиот простор на работ на отворен запис кој може да се дополнува.“

Изложбата ќе биде отворена до 10 март.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ